Следно што доаѓа во киното под отворено небо на Волонтерскиот Центар во Скопје е Полска! Во четврток, на 8-ми август, од 19:30 часот, ќе имате можност да погледнете полски филм на големо импровизирано платно во ВЦС. Филмот ќе биде на оригиналниот јазик со превод на англиски.

Најава за филмот: Летни одмори со семејството. Се разбира, ќе има и патување. Како изгледа за обично семејство од Полска, во времето кога полскиот Фиат, наречен „Пегличка“, беше цар на патиштата?

 

Проекцијата е закажана за 19:30 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.