Том Круз вчера дојде во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, за да го промовира својот нов филм „Top Gun: Maverick“.
На аеродромот Том го пречекаа голем број обожаватели, со кои кратко разговараше, а неизбежен дел беа папараците кои го следат секој негов потег откако излезе од авионот.
Том го привлече вниманието на обожавателите во тесна маица, со што го истакна своето вежбано тело.
Актерот го доведе своето тело до завидна линија, а поради вториот дел на легендарниот филм разви интензивна програма за тренинзи. Во една прилика откри и со какви спортски активности се занимава.
„Кајак, истражување на пештери, мечување, трчање на лента, кревање тегови, качување по карпи, планинарење, џогирање… Се занимавам со многу различни активности“, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.