Иако неговиот последен филм „Елвис“, во кој го толкува ликот на Том Паркер менаџерот на славниот пејач Елвис Присли, кој важи за фаворит во категоријата најдобар филм на годинешните Оскари, актерот Том Хенкс во понеделникот беше силно изненаден кога дозна дека добил три номинации за Златна малина, наградата којашто се доделува за најлошите филмски остварувања.
За Златната малина Хенск е номиниран за две улоги, за биографскиот филм „Елвис“ и за улогата на столарот Џепето во римејкот на филмот „Пинокио“ на студијата Disney.
Во објавата за медиумите организаторите на доделување на Златните малини се наведува дека улогата на Хенкс во „Елвис“ е „најмногу исмејуваната изведба во 2022 година“.
Дополнително е номиниран и во категоријата „најлош филмски спој“, а тоа е „Том Хенкс и неговото лице полно со латекс (со смешен акцент)“.
И додека филмот „Елвис“ и неговата ѕвезда Остин Батлер се фалени од критичарите, улогата на Хенск на менаџерот на пејачот, „полковникот“ Том Паркер многумина жестоко ја критикуваа.
Филмот „Пинокио“, пак, е меѓу петте номинирани за „најлош филм“ за годинешната Златна малина, покрај контроверзниот биографски филм за Мерилин Монро под насловот „Русокоса“.
Во критиката во The New York Times се наведува дека Хенкс во филмот „Пинокио“ се појавува со куп латекс на лицето и има бизарен акцент.
Номинациите за Златните малини вообичаено се објавуваат ден пред објавувањето на номинациите на престижните Оскари.
Хенкс, инаку, е и во потесниот избор за Оскарот за најдобар актер во филмот „A Man Called Otto”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.