Британскиот актер Џулијан Сендс исчезна минатиот петок додека планинареше во Калифорнија.

Сега полицијата потврди дека неговиот автомобил е пронајден, блиску до местото каде што бил пријавен за исчезнат.

Британскиот актер последен пат е виден пред една недела во планинскиот венец Сан Габриел, кој се наоѓа северно од Лос Анџелес.

Според локалната полиција, пребарувањето на областа морало да се одложи поради неповолните временски услови.

Оттогаш нема нови информации или информации од сведоци за тоа каде се наоѓа, изјави за Би-Би-Си Глорија Уерта од Канцеларијата на шерифот во Сан Бернардино.

Исто така, рекоа дека оваа планина е многу опасна и дека дури и искусни планинари доживуваат несреќи.

Да потсетиме, се претпоставува дека актерот бил во движење уште 48 часа по пријавеното исчезнување, бидејќи му се менувала локацијата на телефонот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.