На американскиот глумец Том Хенкс му е дијагностициран дијабетес тип 2. Како што тој вели, причината за болеста е што бил „голем идиот“ и не внимавал на исхраната и својата тежина. Актерот веста ја објави во „Шоуто на Дејвид Летерман“.

Веќе некое време сум „тешкаш. Ме гледате и во филмовите – знаете како изгледам. Бев голем идиот. Мислев дека можам да го избегнам тоа со отстранување на лебот од моите чизбургери – изјавил Том Хенкс (65).

Наградуваниот глумец, можеби најпознат по филмовите „Бродоломец“, „Филаделфија“ и „Форест Гамп“, додаде дека добрата работа кај дијабетесот 2 е што несаканите појави може да се контролираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.