Амбасадата на Словачка во Македонија, во чест на 24 мај- Денот на сесловенската писменост организира проекција на филмот „Тајниот код на Константин“ во Кинотеката на Македонија.
Проекцијата ќе се одржи на 4 јуни со почеток во 20 часот.
Документарниот филм со елементи на документарна драма „Тајниот код на Константин – Проглас“ во продукција на Словачката национална радиотелевизија, е снимен во повеќе земји – Словачка, Чешка, Хрватска, Бугарија, Србија, како и во Македонија. Во филмот се прикажани и сцени кои се снимени во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.