Стивен Сегал ја потврди својата поддршка за Владимир Путин и неговите сојузници на забава во Москва по повод неговиот 70-ти роденден, пишува „Independent“.

Ѕвездата на неколку холивудски акциони филмови наводно присуствувал на вечера одржана во неделата во негова чест, во еден ресторан во Москва.

Според пишувањата на „The Times“, на споменатиот настан присуствувале и рускиот водител на државната телевизија Владимир Соловјов и руската новинарка Маргарита Симонјан кои се ставени на листата на санкции од ЕУ како одговор на нападот на Путин врз Украина.

На снимка која кружи на Твитер, Стивен Сегал кој претходно го нарече Путин „еден од најголемите светски лидери“, се слуша како сите во просторијата ги нарекува свое семејство и пријатели.

Со преведувач покрај себе, Сегал на англиски додал:

Ве сакам сите вас и се држиме заедно и кога е густо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.