Славниот режисер Стивен Спилберг го пофали Том Круз и неговиот филм „Top Gun: Maverick“ којшто го лансираше на листата најплатени актери на светот.

Режисерот и актерот се сретнале на свечен ручек за номинираните за Оскари 2023 година, а видеото од нивниот разговор станало вирално на социјалната мрежа Твитер.

Импресиониран од успехот на филмот, Спилберг откако се прегрнал со актерот, му рекол: „Направи пресврт… Му го спаси задникот на Холивуд“.

Круз на тоа скромно кимнал со главата, а Спилберг продолжил: „Сериозно, Maverick можеби ја спаси целата филмска индустрија“.

Да ве потсетиме, новиот „Top Gun 12“ е најуспешниот филм на сите времиња и заработи 1.48 милијарди долари на светските благајни и воедно е најуспешниот филм на актерот Круз.

Инаку, Спилберг и Круз во минатото соработувале на филмови, вклучувајќи го и „Minority Report“ од 2002 година.

Според бројните наводи актерот и режисерот влегле во кавга на снимањето на филмот „War of the Worlds“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.