Американскиот режисер Стивен Спилберг откри дека работи на серија за Наполеон заснована на оригинално сценарио на Стенли Кјубрик за Наполеон, коешто „седи во фиока“ со години.
Работиме на голема продукција. ТВ-серијата од седум дела за американската мрежа „ХБО“, ќе се снима според сценариото од 1961 година, изјави режисерот на прес-конференција во Берлин.
Уште пред 10 години Спилберг зборуваше за правење мини-серија според сценарио напишано од славниот веќе починат колега, режисер на филмовите „2001: Одисеја во вселената“ и „Пеколен портокал“, којшто му ја дал и идејата за „Вештачка интелигенција“ (2001 г.) на својот помлад колега. Кјубрик, кој почина 1999 година, никогаш не ја завршил голем биографски филм за францускиот државник Наполеон Бонапарта.
Стивен Спилберг ќе добие почесна „Златна мечка“ за животно дело на годинешното Берлинале. Меѓу неговите најголеми успеси се „Ајкула“, „И-ти (Е.Т.)“, „Шиндлеровата листа“, „Јура Парк“.
Годинава е актуелен со „Фејбелманови“, полуавтобиографски филм номиниран и за седум „Оскари“.
Steven Spielberg told #Berlinale2023 that he’s adapting Stanley Kubrick’s lost film ‘Napoleon’ into a limited series for HBO pic.twitter.com/PBqHzPQNkt
— Deadline Hollywood (@DEADLINE) February 21, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.