Една од најпознатите улоги на Силвестер Сталоне е ликот на боксерот Роки Балбоа во филмската франшиза „Роки“: Актерот, гостувајќи кај водителот Дејвид Рубенштајн на телевизијата Блумберг, ја откри вистинската приказна зад ова остварување.
Сите погрешно мислат дека го гледав (боксерот) Чак Вепнер како се бори против Мухамед Али и го нокаутира. Тоа е измислена приказна. Роки Марсијано, кој беше моја големина, имаше „компјутерски симулирана борба“ против Мухамед Али кога беше суспендиран во 1970 година. Тогаш се појави идејата и реков „ова е интересно“, но никој во Холивуд не знаеше кој е Роки Марсијано – рекол Сталоне, па сепак направил поврзаност со Вепнер во далечната 1975 година.
Она што е интересно е што Силвестер Сталоне не користи помош од каскадери за своите сцени.
Мислев, ако ова не го направам сам, нема да биде направено на вистински начин – рекол Сталоне и изјавил дека добил вистински удари за време на филмот „Роки“.
Имам многу фотографии на кои се гледа изобличувањето. Мислам дека сум повредуван повеќе од кој било актер на светот – изјави Сталоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.