Актерот и режисер Шон Пен кој до неодамна престојуваше во Украина каде го снимаше документарецот, го даде своето прво интервју по напуштањето на државата.

Тој го пофалил украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговата храброст во овој конфликт.

Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и восхитен од него и преплашен за него и Украина, вели Пен.

Актерот упати критики кон претседателот на Русија, Владимир Путин.

Тоа е веќе брутална грешка на одземени животи и скршени срца, а ако не попушти, верувам дека Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво. Путин нема толку брзо да се пензионира, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.