Американскиот глумец Шон Пен му го даде својот Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на главниот град Киев.

Пен му го врачи Оскарот на Зеленски како „симбол на вербата во победата на Украина“, велејќи му да му го врати кога ќе победи во војната.

Зеленски, пак, му додели на Пен украински Орден за заслуги.

Пен, кој е познат по својот политички активизам исто како и по неговите филмови, во Украина во март снимаше документарен филм за конфликтот.

Тој подоцна рече дека размислува да им се придружи на украинските сили за да се бори против Русија.

Претставниците на Кремљ претходно ги додадоа Пен и неговиот колега Бен Стилер на руската „стоп-листа“, што значи дека сега им е забранет влезот во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.