Зборувајќи за Си-Ен-Ен, холивудскиот актер Шон Пен, кој престојуваше во Украина и Полска каде снима документарец за нивната бегалска мака, вети дека јавно ќе ги стопи своите статуетки за Оскар доколку телото за доделување награди одбие да му понуди на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува на настанот што ќе се одржи ноќва.
Нема ништо поголемо што може да направи наградата Оскар од тоа да му даде шанса на Зеленски да разговара со сите нас, рекол Пен. Сфатив дека е донесена одлука тоа да не се направи. Не коментирам дали претседателот Зеленски го сака тоа или не, додал тој. Ако Академијата одлучи да не го поддржи раководството во Украина и луѓето кои добиваат куршуми и бомби за нас, заедно со украинските деца што се обидуваат да ги заштитат, тогаш мислам дека сите овие луѓе и секој дел од таа одлука ќе бидат најбезобразниот момент во историјата на Холивуд, рекол тој.
Шон Пен има освоено пет Оскари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.