Легендарниот актер Брус Вилис води битка со деменцијата, а неговото семејство не се одвојува од него, наведувајќи дека актерот е во лоша состојба и прашање на време е кога ќе ја загуби битката со оваа болест.

Пред речиси една година светот беше шокиран од веста дека еден од најдобрите акциони херои на големото платно се повлекува од филмскиот свет. На Брус Вилис првично му беше дијагностицирана афазија, болест која предизвикува губење на способноста за говорење, за подоцна да му биде дијагностицирана ретка форма на деменција. Покрај сегашната сопруга Ема Хеминг Вилис и неговите деца Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин, кои ги доби во два брака, славниот актер во тешките моменти го поддржува и поранешната сопруга Деми Мур, пренесува „Телеграф“.

Како што пренесуваат странските медиуми, неговата состојба е неизвесна, а најмалку еден член од семејството е постојано со него. Актерот на хит филмовите „Умри машки“ деновите ги поминува со сопругата Ема, поранешната сопруга Деми Мур и петте деца.

Во февруари семејството објави дека неговата состојба се влошила со „сурова“ дијагноза на деменција. Оттогаш, семејството се собира за секој празник за да ужива во времето заедно.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.