Американската актерка Риз Витерспун, објави дека се разведува од сопругот Џим Тот. Популарната актерка на „Инстаграм“ ја сподели веста за разводот.

Витерспун и Тот се венчале во 2011 година. Имаат син, 10-годишниот Тенеси, а во недела се приближува нивната 12-годишнина од бракот.

Извор за магазинот „People“ изјавил дека тие ќе останат најдобри пријатели додека поминуваат низ „пријателскиот развод“.

Витерспун исто така има уште две деца со поранешниот партнер Рајан Филипе – ќерката Ава (23) и синот Дикон (19).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.