Актерката Рене Зелвегер се враќа како Бриџит Џонс, овој пат како мајка, која ја раскажува својата приказна на својот син, објави The Sun.

Во оваа улога не сме ја виделе шест години – во Bridget Jones’s Baby, кога се обидува да открие кој е таткото на нејзиното идно дете. Ко-сценарист на филмот е писателката Хелен Филдинг, која го создаде ликот на Бриџит Џонс.

Малку романтични комедии беа поуспешни од Бриџит Џонс, но сите мислеа дека е готово, изјавил неименуван извор за весникот. Сепак, продуцентите беа свесни дека има голем пазар за нов филм доколку дојде вистинската приказна. Се чинеше дека е дојдено време да се раскаже.

Во претходниот филм, беше откриено дека татко на бебето на Бриџит Џонс е адвокатот Тарк Дарси (Колин Фирт). Во него глумеа и Џим Бродбент, Ема Томпсон, Селија Имри, дури и 31-годишниот Ед Ширан. Хју Грант како Даниел Кливер не се појави, но постои можност за негово враќање.

Првиот од филмовите на Бриџит Џонс беше објавен во 2001 година. Приходите од нив се над една милијарда британски фунти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.