По повод Денот на Данте, Амбасадата на Италија во Скопје на 25 март во 16.30 часот во националната Кинотека на Република Македонија организира проекција на филмот Данте (2022) на добро познатиот режисер Пупи Авати.
Влезот на настанот е бесплатен, а филмот ќе биде титлуван на англиски јазик.
Дејството на филмот се одвива во 1350 година кога на авторот на „Декамерон“, Џовани Бокачо, му е зададена задача да однесе десет златни флорини на почесната сестра Беатриче, ќерка на Данте Алигиери, калуѓерка во Равена.
Парите се симболична компензација за конфискацијата на имот и осудата на смрт, изречена за Данте од општината Фиренца, речиси половина век претходно. Авторот на Декамерон ја прифаќа задачата уверен дека ќе може да спроведе истрага за Данте што ќе му овозможи да ја раскаже неговата приказна и неправдите што ги претрпел.
Во долгото патување, покрај ќерката, Бокачо ќе се сретне и со оние кои во последните години од егзилот во Равена на Данте му понудиле засолниште и гостопримство, како и со оние кои го отфрлиле, осудувајќи го на бегство.
Следејќи ги стапките на таткото на италијанскиот јазик, на патот од Фиренца до Равена, Бокачо ја реконструира судбината на Данте, до степен што успева да ни ја пренесе целата негова приказна и да го издигне името на Данте Алигиери до вечноста на легендите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.