Проекција на документарниот филм „Беласица“ (2023) на режисерката Марија Апчевска и трибина на тема менталното здравје во 21виот век на која ќе учествуваат:
-
Ѓорѓе Хаџи-Анѓелковски, психијатар кој промовира нови решенија за третман на менталните растројства и промотор на процесите за де-инстуционализација.
-
Анче Каевска – професор, гешталт терапевт и долгогодишен реализатор на гешталт работилници.
-
Јасмина Лукановска, специјален едукатор и рехабилитатор, Арт окупационен терапевт со долгогодишно искуство во работа со деца со попреченост.
Филмот „Беласица“ го следи и го доловува богатото секојдневие на живеењето во заедница, за луѓето кои го поминале најголемиот дел од својот живот во институции.
Овој проект се реализира од месец јануари до мај во рамки на програмата Артс Хаб, на КСП Центар- Јадро, а се остварува со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.