Новиот македонски филм „Најголемата вистина“ на младиот Мартин Цветковски, премиерно ќе биде прикажан во 3д киното во Битола на 01.03 од 19:00 часот. Покрај Скопје и Битола филмот ќе се прикаже и во Охрид и Св.Николе. Кино проекциите се закажани за 2.03 и 03.03 среда и четврток од 19.30 во малата сала.

Сите сомнителни, некои осомничени, а само еден убиец! Или …можеби не е еден ? Психолошка бура и многу неизвесност до самиот крај, се вели во описот на филмот.

Најголема пречка во текот на снимањето на филмот им биле полициските часови за време на карантинот, во екот на короната. Мартин веќе работи на нови сценарија за нов проект, а веќе  размислува и на продолжение на овој филм.

Самиот крај на филмот “бара” и мора да има продолжение, затоа што на крајот од филмот, публиката ќе има многу прашања од типот:  Што понатаму? Што ќе се случува? Како испадна сето ова? Како е изведено ова? Зошто?, додава тој.

Главната улога во филмот е на Фросина Крстева. Режија и сценарио: Мартин Цветковски, директор на фотографија -Елмир Сумански.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.