Македонскиот игран филм “Сeстри” во режија на Дина Дума во текот на февруари ќе биде прикажан во неколку градови низ земјава и тоа: Скопје – Кинотеката на Македонија, Св. Николе – Киноверзум и Охрид – НУ Центар за култура „Григор Прличев”.

Термини на проекции во Скопје – Кинотека на Македонија:

 

1 февруари, вторник, 18:00 ч.

2 февруари, среда, 20:00 ч.

 

3 февруари, четврток, 18:00 ч.

5 февруари, сабота, 20:00 ч.

7 февруари, понеделник, 20:00 ч.

11 февруари, петок, 20:00 ч.

12 февруари, сабота, 20:00 ч.

28 февруари, понеделник, 20:00 ч.

Термини на проекции Св. Николе – Киноверзум:

04 февруари, петок, 19:00 ч.

06 февруари, недела, 19:00 ч.

Термини на проекции во Охрид – НУ Центар за култура „Григор Прличев”:

09 февруари, среда, 19:00 ч.

10 февруари, четврток, 19:00 ч.

Светската премиера на “Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот”, додека македонската премиера се случи на 42 ИФФК „Браќа Манаки” каде филмот на Дума го отвори фестивалот. Филмот беше и национален претставник за најдобар странски филм.

Досега “Сестри” е прикажан на 20 интернационални фестивали, а ја освои и награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден Германија.

„Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

„Сестри” е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

Продажени агенти на филмот се Cercamon.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.