Неколку децении во актерството беа исполнети со успех за холивудската легенда (67), но многу од неговите фанови не знаат со каква работа се занимавал во младоста.

Пред да стане познат со акционите блокбастери, Вилис работел во нуклеарна централа како службеник за безбедност во средината на 70-тите. Тоа било негово прво работно место по завршувањето на средното училиште.

Во претходни интервјуа Вилис откри дека на моменти било прилично опасно и дека се пробивал низ снег за да провери дали сè е во ред околу погонот. Тој се спуштал дури 100 метри под земјата.

Вилис работел и како приватен детектив, а и возач на камион. Во слободното време свирел усна хармоника во својот блуз-бенд.

Актерската кариера ја почна во Off-Broadway-претстави, а се прослави со улогата во ТВ-серијата „Случајни партнери“ или Moonlighting.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.