Британскиот актер Робин Паркинсон, најпознат по улогата на Леклер во култната хумористична серија „Ало, Ало!“, почина на 92-годишна возраст.
Паркинсон беше добро познато лице на англиската комедија во седумдесттите и осумдесеттите години на минатиот век. Тој глумеше и во комедите The Young Ones, Dad’s Army, The Two Ronnies и други.
Во соопштението објавено во име на неговото семејство се наведува: „Робин Паркинсон, актер познат по ‘Allo!’ Allo! и како глас од детската серија Button Moon, почина мирно на 92-годишна возраст. Покрај него беа сопругата и ќерките.“
Неговата кариера траеше повеќе од четири децении во филмот, театарот и телевизијата, вклучително и бројни ТВ-серии – Girls About Town, The Many Wives Of Patrick, The Young Ones и Rising Damp.
Фановите ќе го паметат по улогата на Ернест Леклер и познатата реплика: It is I, Leclerc!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.