Познатиот актер Сер Мајкл Гамбон почина на 82-годишна возраст.

Мајкл Гамбон, познат и по улогата на Дамблдор во филмовите за Хари Потер, почина во болница, се вели во соопштението на неговото семејство.

Во соопштението се наведува дека Гамбон починал мирно во болница како последица на пневмонија, како и дека покрај него биле сопругата Ен и синот Фергус, по нападот на пневмонија. Гамбон ја започна својата актерска кариера со Лоренс Оливие како еден од првобитните членови на Кралскиот национален театар.

Во текот на неговата шестдецениска кариера, тој доби три награди Оливие, две награди на здружението на актерите на екранот и четири награди БАФТА. Во 1999 година, кралицата Елизабета Втора го прогласи за витез за заслуги во драмата.

Своето филмско деби го имаше во „Отело“ во 1965 година, а играше меѓу другите во филмовите „Готвачот, крадецот, неговата сопруга и нејзиниот љубовник“, „Крилјата на гулабот“, „Говорот на кралот“ и „Квартет“. Тој стана особено познат по улогата на Албус Дамблдор во серијата филмови за Хари Потер од 2004 до 2011 година, заменувајќи го покојниот Ричард Харис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.