Американската актерка Џина Роуландс, која двапати беше номинирана за Оскар, почина на 94 години во својот дом во Калифорнија. Причината за смртта не беше објавена, но неодамна беше кажано дека боледува од Алцхајмеровата болест.

Роуландс се откажа од глумата во 2015 година, откако доби четири награди Еми и два златни глобуса. Беше номинирана за Оскар за најдобра актерка во 1976 за „Жена под влијание“ и во 1980 за „Глорија“.

Двата филма се режирани од нејзиниот сопруг Џон Касаветес, со кого беше во брак 35 години, до неговата смрт во 1989.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.