Серијата „Big Little Lies“, чија последна епизода беше објавена во 2019 година, се враќа на малите екрани.

Иако продуцентите тврдеа дека втората сезона е завршена, актерката Никол Кидман сега откри дека ќе има нова сезона.

„Ги сакав Big Little Lies затоа што дојде во момент од мојот живот кога имав деца и мислев дека ќе се пензионирам, а потоа имаше ситуација кога Рис Витерспун и јас бевме во можност да ја продуцираме таа серија“, објасни Кидман, заблагодарувајќи ѝ се на публиката за поддршката на серијата, која беше огромен успех.

„ Само за ваша информација ќе има трета сезона.“ рече таа на воодушевување на присутните, пренесува Е!.

Пред речиси пет години беше објавена втората сезона на криминалистичката драма на HBO, која доби бројни пофалби од критичарите, особено за сценариото, режијата, актерската игра, продукциските вредности, кинематографијата и главната песна. За квалитетот на серијата говори и фактот што првата сезона доби дури 16 номинации за наградата Еми и освои осум од нив.

Во силната актерска екипа се Рис Витерспун, Никол Кидман, Шејлин Вудли, Лора Дерн и Зои Кравиц во улогата на пет жени во Монтереј, Калифорнија, вклучени во истрагата за убиството на насилниот сопруг на хероината која ја игра Кидман. Во втората сезона, Мерил Стрип им се придружи како мајка на убиениот насилник и свекрва која е подготвена да и го загорчи животот на својата снаа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.