Фиби-Реј Тејлор е американска глумица со церебрална парализа која во првиот свој филм воопшто, глуми со својата хероина од вистинскиот живот – Џенифер Анистон.
Филмот „Вон памет“ (Out of My Mind) се прикажува од денеска, 22 ноември, на „Дизни плус“ платформата, и во него актерката која користи ортопедска количка, првпат се појавува во улогата на Мелоди, шестоодделенка со телесна, но и говорна попреченост – таа не зборува. Така, Тејлор „не можела да престане да плаче“ кога дознала дека „внатрешните мисли“ на Мелоди ќе бидат вокализирани од Анистон.
Тинејџерката за „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment) раскажува и како го добила името по ликот на Лиза Кудроу од ТВ-серијата „Пријатели“ (Фиби).
– „Пријатели“ беа голем дел од мојот живот додека растев. „Лудо“ е затоа што ја сакав уште кога бев мала, рече младата глумица за Анистон. – Отсекогаш сум ја сакала. Таа ми помогна многу во мојот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.