Според списанието „Paris Match“,  новата ѕвездена двојка на Холивуд една од најубавите жени во светот Моника Белучи и познатиот режисер Тим Бартон.

Имено, тие ги објавија своите папарацо фотографии за време на романтична прошетка во Париз, а на нив може да се види како новопечениот пар се држат за рака.

Заедно со ексклузивните фотографии, тие објавија и текст во кој нивната романса ја опишуваат како неверојатен „удар на судбината“. Нивната љубов се одвивала во строга тајност и далеку од очите на јавноста, а двајцата се запознале за време на филмскиот фестивал во Кан во 2006 година.

Сепак, според споменатите медиуми, искрите летнале минатиот октомври за време на филмскиот фестивал Лумиер, кој секоја година се одржува во Франција, поточно во Лион. Култниот режисер е познат по својата по малку мрачна иконографија и извртената смисла за хумор, па многумина се изненадени што Моника е во врска со него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.