Најновиот филм на Вуди Ален, „Неочекувана среќа“ вечерва во паркот зад Младински културен центар (МКЦ) во 20,30 часот го затвора 23. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој почна на 11 јули.
Новиот филм на Вуди Ален е оригинален, забавен, длабински, неповторливо повторлив и што сè не, вели организаторот.
Фани и Жан се навидум совршен брачен пар. Обајцата се професионално остварени, живеат во прекрасен стан во ексклузивна населба во Париз и се чини дека се вљубени исто како и првиот ден. Но кога Фани случајно наидува на својот поранешен соученик, Алан, сосема го губи умот. Наскоро повторно се гледаат и почнуваат да стануваат сè поблиски и поблиски…
Според програмата, во 19,30 часот во кино „Фросина“ во МКЦ Living Music Project, а од 23 часот на платото пред МКЦ диџеј сет на Џано Куч Марко Иван Кочишки и Ѓорѓи Старделов.
Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.