Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан извонредниот француски филм, „Дивертименто“, на Мари-Кастиј Мантијон-Шар (2023, 1h55), сo Улаја Амамра, Лина Ел Араби и Ниелс Ареструп.

Филмот се прикажува во рамките на Неделата на франкофонски филм, по повод одбележувањето на Месецот на Франкофонијата.

 

Филмот е снимен според вистинска приказна и го раскажува сонот на две млади музичарки, обете сестри Французинки со алжирско потекло. Тие сонуваат да му ја приближат класичната музика на секој жител во светот, а тој сон е остварлив само со одлучност, страст, храброст и, пред сè, извонреден план за формирање сопствен оркестар насловен „Дивертименто“.

Медиумите за „Дивертименто“ ќе напишат:
-„Актерскиот тим е неверојатен, а животната приказна во филмот на младите ќе им покаже како треба да се изборат за остварување на своите соништа (но и повеќе од тоа!). Паризјен
-„Извонреден филм којшто ќе разбуди прекрасно чувство во вас.“ Ле Новел Д’Алзас

 

Филмот е со превод на македонски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.