Лена и Владимир ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на Julien Dubuque International Film Festival! Целата екипа е длабоко почестена и ја изразува својата благодарност до #JDIFF и сите наши поддржувачи!
Ова е дебитански игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“. Филмот е по сценарио на Александар Русјаков, а главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска.
Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуценти се и „Дрим фектори Македонија“, како и српската „Терирем“. Филмот е подржан од Агенцијата за филм на Македонија.
Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.
Во филмот играат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а истиот е во режија на Игор Алексов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.