Netflix  овој месец ќе прикаже серијал насловен „Alexander: The Making of a God“ (Александар: Создавањето на бог), кој комбинира стручни интервјуа со возбудливи реконструкции и сите шест делови од новиот серијал ќе започнат да се прикажуваат на 31 јануари.

Оваа нова документарна серија ги следи стапките на претходните серии како „Queen Cleopatra“, „Roman Empire“ и „Rise of Empires“, од кои сите се стилска мешавина од документарна и возбудлива драма бидејќи Netflix создава неверојатни реконструкции на клучните историски моменти и епски сцени од историјата.

Во „Alexander: The Making of a God“ играат Бак Брејтвејт, Агни Скот, Вил Стивенс, Мидо Хамада и други талентирани ѕвезди. Серијата, која доаѓа од Tailfeather Productions во партнерство со Lion TV, се фокусира на тоа како Александар ја освоил најголемата западна империја во историјата за помалку од шест години, според Netflix Tudum. Луси ван Беек и Ник Катлиф се извршни продуценти на серијата.

Netflix го сподели официјалниот синопсис за серијата заедно со трејлерот:

‘Alexander: The Making of a God’ е документарна серија од шест дела што го открива извонредниот живот на Александар Велики преку неговата радикална трансформација од принц воин во жив бог. Серијата го истражува неговиот подем како прогонет млад човек во неговата опсесија да го победи моќниот персиски цар Дариј, што направило да го освои познатиот свет за нешто помалку од шест години. Фасцинантната приказна за Александар Велики е раскажана преку неверојатна драма испреплетена со стручен академски увид, револуционерна археологија и тековните ископувања на археолошкиот локалитет во Александрија, Египет предводени од Калиопа Лимнеос-Папакоста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.