58-годишната актерка привлече внимание со своето пристигнување, а околу неа на аеродромот веднаш се собраа обожаватели на кои со задоволство им даваше автограми.

Причината за нејзината посета на Грција не е позната, а на аеродромот пристигнала сама.

Белучи на почетокот на годината ја потврди врската со филмскиот продуцент Тим ​​Бартон. Двојката се запознала пред 16 години, но странските медиуми велат дека тие почнале да се забавуваат откако се сретнале на филмскиот фестивал Лумиер во Лион во октомври.

58-годишната Моника беше почесен гостин на фестивалот, каде на 64-годишниот режисер му врачи награда за животно дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.