Во официјалната селекција на петото издание на ЅИРНИ, добитник на наградата за најдобар филм „Данчо Чеврески„ е филмот „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим.

Филмот ја добива наградата поради експресивноста на визуелниот израз преку кој режисерот ги прикажува односите во едно семејство соочено со апсурдноста на административните и бирократски препреки и воопшто нашето македонско секојдневие. Одлуката ја донесе трочленото жири во состав: Марија Апчевска, Ивица Димитријевиќ и Саша Станишиќ, а наградата ја додели професорот Владимир Блажевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.