Поради новите одредби на италијанската Влада поврзани со правилата на заштита од коронавирусот, кој беснее во Италија, дополнителното заострување на мерките вклучува (на одредени места) да се покаже „зелената пропусница“ за пристап, а за хотелите – таканаречен Super Green Pass.
Американскиот актер Џон Малкович деновиве е во Венеција бидејќи ја снима ТВ серијата Ripley, инспирирана од романите на Патриша Хајсмит. Сè му одело без проблеми, додека не дошол да се пријави во хотелот „Даниели“ во Венеција, каде што продукцијата му резервирала многу луксузен апартман, со поглед на каналот Сан Марко.
Проблемот, како што прв објави дневниот весник и портал „Газетино“, е што глумецот, немајќи зајакната зелена сертификација (супер грин пас), не можел да престојува во хотел(и). Организаторите на филмот изјавиле дека се изненадени од ситуацијата и веднаш се стрчале во потрага по друго сместување за Малкович. Решението е пронајдено за неколку часа: се работи за приватен и луксузен дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.