Телевизиската серија од 10 епизоди за животот на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин е готова од пред пет години, септември 2017 година, еден месец по потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија, пренесува МКД.мк. Ниту една македонска телевизија со национална концесија досега не прифатила да ја емитува серијата во која има сцени на измачувањата на Рацин од бугарски фашистички иследник за време на Втората светска војна, има сцени за Првото заседание на АСНОМ, за Панко Брашнаров…

„Не знам дали станува збор за тивка цензура или за навистина неможност на националните телевизиски концесионери да ја прикажат серијата ‘Црвениот поет’ во ‘прајм тајм’ поради турските серии што редовно се емитуваат во тој термин. На Македонската телевизија неколку пати ѝ беше нудена оваа серија, но и од таму нема никаков одговор“, вели во изјавата за МКД.мк Владимир Анастасов од Сектор филм, продуцент на серијата.

Повеќе на МКД.мк

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.