Комедијата „Poor Things“ на грчкиот режисер Јоргос Лентимос, освои „Златен лав“ на годинашниот Венецијански филмски фестивал, кој заврши синоќа.
Покрај Ема Стоун, која ја толкува главната улога, во филмот играат и актерите Вилем Дафо и Марк Рафало.
Наградите за најдобра глума им припаднаа на Кејли Спини, за улогата на Присила Присли во филмот „Priscilla“, и на Питер Сарсгард, за неговата улога во семејната драма „Memory“.
Наградата „Сребрен лав“ ја доби драмата „Evil Does Not Exist“ во режија на Јапонецот Рјусуке Хамагучи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.