Напролет почнува да се снима српската телевизиска серија „Пад“, по книгата „Годината минува, денот никогаш“ на Жарко Лаушевиќ, а славниот актер ќе го глуми Милан Мариќ.

Како што пишуваат српските медиуми, за главната улога во конкуренција биле неколку актери, а најсериозен конкурент на Мариќ му бил Милош Биковиќ.

Серијата ќе има осум епизоди, а сценариото е на Бојан Вулетиќ и Метал Михајловиќ. Режијата е на Вулетиќ.

Новата серија „Пад“ е работена по мотивите на книгата на Лаушевиќ, „Годината минува, денот никогаш“. Мотивите од неговата книга ќе овозможат да опишеме едно време, почетокот на војната во поранешна Југославија, сиромаштијата и изолацијата. Сето тоа низ трагичната судбина на најпознатиот југословенски актер. Сценариото не е само препишана книга, туку сценаристите слободно интерпретирале одредени делови, збогатувајќи го со ликови и настани кои не постојат во автобиографијата, изјави Вулетиќ.

Лаушевиќ пред десет години ја напиша книгата во која опиша што се случувало таа ноќ, на 31 јули 1993 година, кога уби двајца, а рани едно момче.

Мариќ моментно е еден од најдобрите актери од младата генерација во Србија. Најактуелен е со филмот „Тома“ каде што го толкуваше ликот на Тома Здравковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.