Оскаровецот Кевин Спејси (64) е ослободен од сите обвиненија за сексуално злоставување на четворица мажи.

Тој неодамна се изјасни за невин пред лондонскиот суд во Саутворк по 12 точки од обвинението за сексуални престапи против четворица мажи меѓу 2001 и 2013 година. Тие обвиненија претходно беа отфрлени.

Четворица тужители рекле дека Спејси агресивно ги пипкал, а еден тужител рекол дека додека бил во несвест во станот на актерот, а Спејси сексуално го задоволувал.

Уште во јануари, актерот се изјасни за невин по три точки од обвинението за непристоен напад, три точки од обвинението за сексуален напад и една точка за поттикнување на лице на сексуална активност без согласност. Двократниот добитник на Оскар, исто така, претходно негираше четири дополнителни обвиненија за сексуален напад и едно обвинение за поттикнување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност без согласност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.