Две истакнати ирански актерки беа уапсени поради јавна поддршка на масовните антивладини протести, јавуваат државните медиуми во таа земја.

Хенгамех Газиани и Катаџун Риахи се обвинети за дејствување против иранските власти, според новинската агенција Ирна.

И двете жени претходно во јавноста се појавиле без шамии, во знак на солидарност со демонстрантите кои протестираат од септември, односно од смртта на Махса Амини.

Дваесет и двегодишната Махса Амини беше приведена од моралната полиција во Техеран поради наводно кршење на строгите правила за хиџаб. Таа почина на 16 септември, три дена подоцна.

Имаше извештаи дека полицајците ја тепале со палки и ја удирале главата во возило, но полицијата негирала дека била малтретирана. Полицијата тврди дека таа доживеала срцев удар.

Хенгаме Газиани и Катаџун Риахи се актерки со повеќе награди. Тие се приведени во неделата по наредба на иранското обвинителство, јави ИРНА.

Пред апсењето Газиани на социјалните мрежи напиша: „Што и да се случи, знајте дека ќе бидам со народот на Иран како и секогаш“.

Ова е можеби мојата последна објава – додаде таа. На Инстаграм таа сподели видео како не носи марама на улица и ја собира косата во опавче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.