Холивудскиот глумец Брус Вилис се бори со тешка болест. Имено, Брус се бори со деменција во рана фаза, покажуваат најновите информации за здравствената состојба на 66-годишниот актер. Режисерот Мет Ескандари, кој работеше со него на снимањето на неколку филмови, ја откри неговата вистинска состојба.

Со него режирав четири филма, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред вашите очи. Видов како е да се работи со него во последните неколку години, напишал тој во коментар на Твитер под видеото за гласините за болеста на Вилис.

Според пишувањата на медиумите, Брус Вилис сака да заработи што повеќе пари додека е во можност. Поради таа цел, тој презема улоги во филмовите Б категорија, односно нискобуџетните. Според порталот IMDB, само во 2022. година ќе има најмалку 11. нискобуџетни продукции со Вилис во актерската екипа.

Инаку, Брус Вилис, глумејќи во три дела од филмскиот серијал „Умри машки“, заработи речиси милијарда долари профит ширум светот. Во 1999. година заедно со Стивен Спилберг и Џејмс Камерон се најде на листата на 100. највлијателни луѓе во филмот што ја подготви англискиот месечник „Империја“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.