Актерката Гвинет Палтроу, која се прослави кон крајот на 90-тите, со филмови како „Вљубениот Шекспир“ или филмовите од универзумот на Марвел како „Железниот човек“; „Железниот човек 2“; или „Одмаздници“, може да се пофали дека била во врска со двајца од најпознатите холивудски актери Бред Пит и Бен Афлек.

Токму овие две имиња беа тема на разговор при гостувањето на Гвинет Палтроу во подкастот „Повикај го тато“ (Call Her Daddy), каде што актерката на водителката Александра Купер и открива какви се тие двајца во кревет.

Александра Купер во еден момент од интервјуто почна да ги именува сите познати мажи со кои актерката имала врска, а кога дојде до Афлек и Пит, ја праша кој и оставил подобар впечаток.

На тоа, Палтроу одговора дека би го избрала Бред Пит, но дека и двајцата се многу добри во бакнувањето.

Во еден момент од подкастот разговорот се фокусира на сексот, при што, Палтроу мораше да избере помеѓу Бред Пит и Бен Афлек. Актерката, без да сокрива нешто одговори на прашањето.

Тоа е навистина тешко прашање, бидејќи Бред е како момче со кое имаш така важна хемија, како да е љубовта на твојот живот, со кое сакаш врска. А, потоа, тука е Бен, кој беше технички одличен во кревет“, раскажа Гвинет Палтроу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.