Наградата за најдобра европска филмска локација за 2022 година, објавена на 73. Филмски фестивал „Берлинале“, ја доби грчката плажа Хилијаду на островот Евијa. Токму таму се снимал филмот „Tриаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд.

Наградата ја доделува Мрежата на Европската филмска комисија (ЕУФЦН). Победникот се одредува со интернет-гласање на публиката.

Грчкиот филмски центар, којшто го предложи филмот на конкурсот, им се заблагодари на сите што учествуваа во гласањето. Тоа почна во ноември лани. Останатите четири филмски локации беа номинирани од Велика Британија, Швајцарија, Германија и Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.