Жена се соблекла топлес и истрчала на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан, со порака испишана на телото во знак на протест против силувањата за кои се обвинуваат руските војници во инвазијата на Украина, пренесува „BBC“.
Демонстрантката на црвениот тепих го соблекла фустанот кој го носела и започнала да вика, а на телото ѝ била испишана пораката „Престанете да нè силувате“ во рамки на боите на украинското знаме.
A protester with the Ukrainian flag painted on her body has stormed the Cannes Film Festival red carpet. She ripped off her gown revealing the words “STOP RAPING US” on her stomach.
Read the latest on the Ukraine crisis here https://t.co/50OKnPS3F1#Ukraine #Cannes #Protest pic.twitter.com/UOxiZ9ESHT
— SBS News (@SBSNews) May 21, 2022
Нејзините колкови биле намачкани со црвена боја, симболизирајќи крв.
Украинските власти изјавија дека истражуваат случаи на силувања од страна на руски војници во поединечни делови на земјата во текот на окупацијата. Во вторникот вечерта, свеченото отворање на 75-от Кански филмски фестивал го одбележа видеопорака од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот одлучија да ги одбијат акредитациите на сите руски филмаџии, но и новинари кои на било кој начин се поврзани со руската влада.
Од друга страна, противникот на војната во Украина, рускиот режисер Кирил Серебреников, познат по одважните филмови и поддршката за LGBT+ лицата, официјално го отвори фестивалот со филмот „Tchaikovsky’s Wife“ кој се натпреварува за Златна палма и пред публиката порача: „Не за војна!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.