Во склоп на третото издание на филмскиот фестивал “Преку езерото“ во чест на легендата на македонскиот и балканскиот филм, од ова година ќе се доделува единствена “НАГРАДА МЕТО ЈОВАНОВСКИ, за Извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот“.

Почитувањето на делата и личностите на оние пред нас, се првата и последната работа што треба да ја направиме за да не почитуваат и оние кои доаѓаат по нас, велат организаторите на фестивалот.

Во изминатите денови нов мурал со ликот на големиот уметник е насликан на еден од ѕидовите на Кинотеката на Македонија.

Токму пред овој прекрасен мурал ќе биде споделено името на првиот лауреат на оваа награда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.