Актерката Ен Хеч (53) првично била во тешка состојба по сообраќајната несреќа што ја доживеала во петокот во Лос Анџелес. Нејзиниот претставник за медиумите пред два дена изјави дека актерката е стабилна, а како што се дознава сега, според „Пејџ Сикс“, актерката е во кома и се бори за живот.

Набргу по несреќата, Ен Хеч изгуби свест и падна во кома – изјави нејзиниот портпарол и додаде:

Таа има значајна повреда на белите дробови за која е потребна механичка вентилација, а изгорениците бараат хируршка интервенција.

Покрај тоа, полицијата во Лос Анџелес добила налог за тестирање на крвта на актерката за да се утврди дали таа била под дејство на алкохол и/или дрога во моментот на несреќата.

Полицајците веруваат дека Хеч можеби била под дејство на алкохол кога го удрила својот син Mini Cooper во дом во Лос Анџелес, предизвикувајќи огромен пожар.

Истрагата е во тек додека се чекаат резултатите од анализата на крвта. Доколку се покаже дека таа била во алкохолизирана состојба, актерката може да биде обвинета за прекршок, судир и бегство- изјави претставник на полицијата.

Да потсетиме, поранешната партнерка на контроверзната водителка Елен Деџенерис и добитничка на наградата Еми во петокот наутро околу 11 часот удрила со својот автомобил Mini Cooper во гаража во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Автомобилот и куќата се запалиле, а Хеч била извлечена од урнатините.

Несреќата предизвикала голем пожар, а на 59 пожарникари им биле потребни 65 минути да се приближат, да го ограничат и целосно да го изгаснат пламенот во внатрешноста на оштетената куќа. За среќа, сопственикот на куќата останал неповреден.

Медиумите наведуваат и како Ен побегнала од местото на несреќата пред да удри со своето возило во гаражата. Наводно поминала знак за стоп и возела непрописно



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.