Познатиот холивудски актер Џон Малкович вчера најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во рамки на проектот „Технолошки Парк Скопје“ (ТХП), кој чека одобрување од Владата. Од таму брифираат дека ТХП се уште е во фаза на утврдување.

ТХП Скопје е проект кој во моментов е во процедура за утврдување на статус на стратешки инвестициони проект за кои течат роковите за постапување согласно Законот, а процедурата и условите за добивање статус на стратешка инвестиција е иста за сите добиени барања за стратешки инвестиции, брифираат од Влада, објави порталот „Локално“.

Малкович во изјава за МРТ појасни дека работи на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје, што ќе биде прво студио од ваков тип на целиот Балкан.

Решивме да го наречеме проектот „Stonebridge Studios“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович и порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

Актерот цврсто верува дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.