Семејството на актерката Ен Хеч изјавило дека „не се очекува таа да преживее“ по тешката несреќа која ја имаше откако со автомобилот влета во куќа, по што настана пожар.

За жал, поради нејзината несреќа, Ен Хеч се здоби со тешка аноксична повреда на мозокот и останува во кома, во критична состојба, стои во соопштението испратено во име на семејството на актерката.

Хеч (53) на 5 август го удри својот автомобил во дом во населбата Мар Виста во Лос Анџелес, при што возилото и помошна просторија на куќата се запалија. Таа никогаш не се освести откако итно беше пренесена во болница во критична состојба со изгореници, приклучена на апарати.

-Одамна е нејзин избор да ги донира своите органи и таа е задржана на апарати за одржување за да се утврди дали некои органи може да се донираат, продолжи семејната изјава.

Семејството им се заблагодари на пријателите и обожавателите „за нивните добри желби и молитви“, како и на „посветениот персонал и прекрасните медицински сестри кои се грижеа за Ен во Центарот за изгореници Гросман во болницата Вест Хилс.

Трагичната вест дојде неколку часа откако полицискиот оддел во Лос Анџелес потврди дека Хеч е под истрага за кривично дело сообраќаен судар со тешки последици. Полицијата добила налог за примерок од крв кој открил наркотици во нејзиниот организам.

Лос Анџелес Тајмс објави дека ѕвездата била под дејство на кокаин за време на несреќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.