Овој документарец ги прикажува најважните моменти од сесијата за снимање на хуманитарната песна „We Are the World“, во која се собраа кој е кој од поп познатите личности, пишува Њујорк тајмс“.
Кон крајот на 1984 година, пејачот и активист Хари Белафонте бил импресиониран од „Do They Know It’s Christmas?“, британски хуманитарен сингл во кој настапуваат поп-ѕвезди, а приходите од проектот беа наменети за гладните во Етиопија.
Имаме бели луѓе кои ги спасуваат црнците и немаме црнци што ги спасуваат црнците, Белафонте му се пожалил на музичкиот менаџер Кен Краген.
Тоа било поттик за песната „Ние сме светот“ од 1985 година. Креативното јадро беа: Лајонел Ричи и Мајкл Џексон; Стиви Вондер (кој не доби признание за пишување, но, како што е пренесено во филмот, беше непроценлив за целиот креативен процес); и продуцентот-аранжер Квинси Џонс.
Проектот се претвори во фестивал на суперѕвезди за само една ноќ.
Ако овде падне бомба, Џон Денвер ќе биде повторно на врвот, се потсмеваше Пол Сајмон додека ја прегледуваше просторијата, – е опишано во „Најголемата ноќ на поп музиката“, во режија на Бао Нгуен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.