Седма ко-продукција за новиот долгометражен филм на Тамара Котевска

Дебитантскиот долгометражен игран филм на Тамара Котевска “Човек против јато” е поддржан од Грчкиот Филмски Центар со 150.000 евра, во соработка со филмската продукција “Астериск”.
Ова е деветата копродукција откако филмот е поддржан од: EUROIMAGES, Филмскиот Центар од Србија со фирмата “Филмоскопија”, Хрватскиот Аудиовизуелен Центар со фирмата “Нуклеус”, Филмскиот Центар на Црна Гора со “Синепланет”, Министерство за култура на Турција, како и ТРТ националната телевизија на Турција.

Филмот е поддржан од Агенција за Филм на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.