Коронавирусот сè уште кружи ширум светот, и ѕвездите сè уште стануваат жртви на заразата. Меѓу последните заразени славни личности е „Џејмс Бонд 007“ глумецот Даниел Крејг.
Даниел Крејг (54) во мигов е актуелен со познатата Бродвеј-претстава „Магбет“, според приказната на Вилијам Шекспир, во Њујорк со актерката Рут Нега покрај себе. Саботните настапи беа откажани.
Денешните настапи – и дневните и вечерните, се откажани бидејќи Даниел Крејг доби позитивен резултат за Ковид. Се извинуваме за непријатностите предизвикани кај купувачите на билети, но безбедноста на нашата публика, глумци и тимот останува наш главен приоритет. Сите билети за откажаната претстава ќе бидат отплатени, се вели во официјалното соопштение.
Глумецот со оваа претстава има ограничен 15-неделен ангажман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.